Струмичките средношколци собраа 60 илјади денари за лекувањето на Кире Костов

Преку низа активности (баскет турнир, месец на храната…), учениците од средните општински училишта „Никола Карев’’, „Јане Сандански’’ и „Димитар Влахов’’ собраа 60 илјади денари за лекување на седумнаестогодишниот Кире Костов од Добрејци.


Костов боледува од целебрална парализа, а за операција, трансплатација на матични ќелии во Кина, потребно е да се соберат вкупно 25 илјади долари.


Весна Костова, мајка на Кире Костов,се заблагодари на средношколците, преставниците на Младинскиот совет и градоначалникот Зоран Заев за досегашните прикупени парични средства за лекувањето.
Ако и вие сакате да помогнете во лекување на Костов, можете да донирате пари на следната жиро – сметка:

Comments are closed.