Почна уредувањето на игралиштето во четвртата урбана заедница

Почна уредувањето на спортското игралиште кое што се наоѓа во четвртата урбана заедница во Струмица. Се работи за проект инициран од оваа урбана заедница, а кој го реализира Еколошкото друштво „Планетум“ преку  грант добиен од програмата G1 на одделението за локален економски развој при општина Струмица и е во времетраење од три месеци.

- Доколку дозволуваат временските прилики, ова игралиште пред новогодишните празници би требало да добие ново руво со озеленети површини, со обновени бои на игралиштето и кошевите, исто така ќе се  уредува трибината и просторот околу неа. Самиот грант опфаќа градежно – хортикултурни работи кои значат оградување на самото игралиште, поставување на заштитни појаси од ветар и звук со жива ограда и украсни дрвја, со што воедно ќе се помогне  и за прочистување на воздухот – изјави Александар Лазаров, претседател на ЕД „Планетум“.

Comments are closed.