Преку „Систем 48“ во октомври решени 130 проблеми

До општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во текот на месец октомври, доставени се вкупно 151 пријава. Од нив 130 се решени, а останатите 21 пријави се во процес на решавање бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа и една  пријава  е од инвестиционен карактер.

Најголем број од доставените пријави  се од областа на улично осветлување 98, од областа на собирање смет 23, водовод и канализација 10 и општински инспекциски служби 4.

Од општинскиот сервис „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат навремено да интервенираат и општинските служби да ги решаваат пријавените проблеми, а со тоа би се спречиле и недоразбирањата во однос на временскиот рок кога е пријавено и кога точно треба да се одговори, односно интервенира. Истовремено, им благодарат на сите граѓани на Општина Струмица за користење на услугите на „Систем 48“.

Comments are closed.