Учениците од Рич добија баскет игралиште

Ново баскет игралиште добија учениците од подрачното училиште „Маршал Тито“ од населеното место Рич. Овој зафат почна да се реализира пред неколку денови и денеска е целосно завршен. Игралиштето е бетонирано и поставен е кошот. Покрај новото игралиште обновени се и клупите, направена е лим настрешница за чување дрва, а почнаа и работите за оградување на училишниот двор.

Во рамките на подобрувањето на условите за престој на учениците и наставниот кадар, училиштето со сопствени средства изврши проширување на линијата за довод и одвод на вода во две простории.
Овие зафати се заеднички проект на општина Струмица, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и подрачното училиште „Маршал Тито“ од Рич.

Во ова училиште настава следат 32 ученика.

Comments are closed.