Струмица убедлива против Сушево

Шампионот Струмица успеа да го добие градското дерби против Сушево, со 3:0 во сетови и со тоа ја продолжи стопроцентната серија, без изгубен сет.

Натпреварот се одигра во одлична атмосфера, трибините во салата „Партизан“ беа преполни, но, сепак, до победата дојде поискусниот и поквалитетниот тим. Почетокот на мечот ветуваше многу неизвесна борба.

 

Мотивираните одбојкари на Сушево, со сервисот на Андонов и добриот блок поведоа со 2:6, за на првиот технички тајмаут да имаат предност од 4:8.  Гостите го одржуваа водството до 8:12, за потоа полека да се разбудат одбојкарите на Струмица, кои со добриот сервис на Нистров, смечевите на репрезентативецот Љафтов и блокот на Маџунков израмнија на 12:12.

повеќе на www.sport.com.mk

 

Comments are closed.