Распишан конкурс за литературен состав посветен на градот Струмица

По повод  Денот на заштитниците  на град Струмица  “Св. петнаесет тивериополски  свештеномаченици”  (11 декември), распишан е Конкурс за доделување на награди за литературен состав посветен на градот Струмица. Со литературни творби (поезија и проза) може да се конкурира во три категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта

2. Ученици од средните училишта

3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат прва, втора и трета награда.

Наградите  во категориите за  ученици од основните и средните училишта се  состојат од диплома и вредносен предмет (книги).

Наградите  во категоријата “возрасни граѓани” се  состојат од диплома и паричен износ.

Литературните творби посветени на градот Струмица треба  да се достават во 3 (три)  печатени примероци, во шифрирана форма и тоа:  во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана   адресата :  Локална Установа Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица ул. „ Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „ Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на град Струмица“  и шифрата.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата за општествени дејности при општина Струмица.

Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2014 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Comments are closed.