Младите социјалдемократи делеа пакети за роденденот

Дваесет и третиот роденден на Социјалдемократската младина на Македонија, младите социјадемократи од Струмица го одбележаа со делење на пакети со прехранбени производи на социјално загрозени семејства.

Како што вели Коста Костадинов, претседател на СДММ Струмица, младите со оваа акција сакат да ги мотивираат граѓаните да пружаат помош на оние на кои им е најпотребна.

„Да на овие луѓе им овозможиме бар една недела полн здив, не оптерувајќи се со   „Што утре?’’. Се надеваме дека поголемиот дел на граѓани ќе му се препуштат на хуманиот дух и на помагање на оние на кои им е помошта најпотребна. Ние младите знаеме колку е мачна борбата за живот. За жал, мечтаеме за „американскиот сон’’ живеејќи го македонскиот кошмар’’ – изјави Костадинов.

Младите социјадемократи ја искористија приликата и да им ја честитаат славата на оние кои денеска го празнуват Митровден.

Comments are closed.