Есенска титула за Беласица

Единаесет одиграни натпревари 27 освоени бодови и есенска титула за фудбалерите на Беласица, заврши есенскиот дел третата лига – исток.
ФК Беласица во овие 11 кола, успеа да слави 8 пати, додека на три натпревари одигра нерешено, и остана непоразена во есенскиот дел. Фудбалерите на Беласица постигнале 32 погодоци, што ги прави најефикасни во лигата, додека пак примиле 7 погодоци и вкупен епилог 27 бодови.

Најубедливата победа Беласица ја забележала против 14 Октомври 1946 со високи 1:8, во третото коло одиграно на 07 септември. Во 6-тото коло одиграно на 28 септември, Беласица во градското дерби со Тиверија славеше со сигурен резултат од 2:0.
Во дерби натпреварот со ривалот Плачковица во 10-тото коло, Беласица ремизираше играјќи 0:0.
Кратка анализа на табелата. Лидерот е Беласица со 27 бодови, два бода помалку има Радовишка Плачковица, додека третопласиран со 24 бодови е тимот на Напредок З. Радово со шанси за првото место.
На долниот дел од табелата промени нема, 14 Октомври 1946, кој што не успеа да освој ниту еден бод останува на 12-тото место, со примени дури 52 погодоци, на 11-тата позиција е Слога 1934, со што овие две екипи се во зоната за испаѓање во Општинската лига.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.