Учествувајте на работилницатa „Маркетинг и ПР – од теорија до пракса“

Проектот „Биди и ТИ претприемач“ има за цел да ги промовира претприемништвото, креативноста и проектниот менаџмент помеѓу младите луѓе во насока на искористување на своите капацитети, како реална опција за вработување и стекнување на сопствени приходи.

Воедно овој проект има за цел да го опфати и маркетиншкиот аспект, кој што заедно со односите  со  јавноста  се  клучни  во  креирањето  на  еден  концепт.  Креирањето  на  добра маркетинг кампања претставува есенција за успешно водење на бизнис. И односите со јавноста исто така имаат клучна улога во градењето и одржување на бизнисот, како и начинот на комуницирање со јавноста.

Токму овие елементи ќе бидат опфатени на оваа работилница каде што предавачи ќе бидат Магдалена Михајлоска менаџер за стратешки комуникации од Агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент IMAGE-PR и Сања Ристиќ директор за клиенти од Агенцијата за маректиншки и комуникациски услуги Idea Plus Communications.

Инаку, IMAGE-PR е една од најстарите агенции за односи со јавност и комуникациски менаџмент во Македонија. Основана е во 2002 година, а во своето портфолио вбројува низа меѓународни и домашни компании, како и реномирани меѓународни и домашни државни институции на централно и локално ниво.

Idea Plus Communications е првата Агенција за маркетиншки и комуникациски услуги во Македонија. Агенцијата е основана во 1996 година и е пионер на модерниот маркетинг и адвертајзинг во Македонија. Од 2009 година Idea Plus Communications  е членка на најголемата регионална комуникациска мрежа Pritop Digital.

Сите   заинтересирани   треба   да   ја   пополнат   aпликацијата   на   следниот   линк:

https://docs.google.com/forms/d/1CWLOP3SDEHMG8avfjuNZ6GbZ3E_EDyFsu3FBLij- ksY/viewform?c=0&w=1

Рокот за доставување на апликацијата е до 10 ноември.

Comments are closed.