Почна чистењето на одводните канали во населените места

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја почнаа втората фаза од големата есенска акција за чистење на каналите.

Денеска се чистеа одводните канали во населеното место Просениково, од каде беа извадени поголеми количества земја и разновиден отпад. По Просениково, чистењето на одводните канали ќе продолжи и во останатите населени места. Целта на оваа акција е пред почетокот на зимата да се овозможи нормален тек на сите атмосферски води во населените места.

Инаку, во првата фаза на акцијата се исчистени 1.350 метри од коритото на реката Тркања и долниот дел од поројот „Крушевска Република“, односно на потегот од мостот на транзитниот пат  па се до сливањето во реката Тркања.

Comments are closed.