Одбележан патрониот празник на СОУ „Димитар Влахов“

Утре се навршуваат 136 години од раѓањето на македонскиот револуционер, Димитар Влахов, по тој повод учениците и вработените во средното општинско училиште кое што го носи неговото име, денеска, со пригодна програма го одбележаа патрониот празник. Претставници на општина Струмица и на училиштето положија цвеќе пред бистата на народниот херој, а потоа беше изведен пригоден книжевно – музички рецитал.

По повод патрониот празник, Активот на македонисти распиша литературен конкурс на тема: „Жената некогаш и денес“. Жири комисијата во состав: Софија Тренчовска, Маре Караристова и Бранка Ристова, одлучи да ги награди следните ученици: Цветанка Манчева, Надица Стојанова, Сандра Јовеска и Елена Запрова. Директорот на училиштето, Димитар Ѓоргев, им врачи книги и им порача и понатаму да пишуваат и да го негуваат убавиот пишан збор.

 

Comments are closed.