Црвен крст – Струмица го одбележува месецот на борба против болести на зависности

Младите волонтери при Црвен крст Струмица започнаа со акцијата делење на едукативни флаери и совети на граѓаните во централното подрачје на Струмица како да се заштитат, или да ги заштитат своите блиски, од болести на зависноста.

Оваа акција се одвива по повод месец ноември кога по календарските активности на Црвен крст на Македонија се одбележува месецот на борба против зависност со која организацијата на Црвен крст сака да ги информира младите луѓе околу болестите на зависност, пред се за наркоманијата.

Акцијата на делење на едукативен материјал и совети на граѓаните волонтерите ќе ја спроведуваат во текот на целиот месец ноември.

Comments are closed.