СОУ „Јане Сандански’’ доби грант, професорите ќе учествуваат на обука во Мадрид

Средното општинско училиште „Јане Сандански’’ доби грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус плус’’ за проектот „Стимулирање на активности преку заедничко учење’’. Група на професори од струмичката гимназија ќе учествува на десетодневна обука од областа на мобилност на наставен кадар која ќе ја одржаат професори од Англија и Германија.

Како што велат професорите кои учествувале во аплицирање за грантот, проектот „Стимулирање на активност преку заедничко учење’’ го одбрале бидејќи и останатите  професори од  училиштето ќе можат да го применат во својата работа..

„Одбравме методи на зголемување на моќта на ученикот и неговата креативност. Преку проектот пробуваме на учениците да им пријдеме и помогнеме да ги покажат своите способности, размислувања надвор од нормите како и применување на интерактивни методи како групна, интерперсонална и интраперсонална работа. Спремни сме да се вратиме со нови знаења и сето тоа да го примениме во нашето училиштето’’ – вели професор Виолета Николова.


Обуката во Мадрид ќе се одржи од 10 – 19 ноември.

Comments are closed.