Нови тротоари на улицата „Светозар Марковиќ“

На улицата „Светозар Марковиќ“ во Струмица во тек се градежни активности за реконструкција на тротоарите. Се вади стариот асфалтен слој и се поставуваат бекатон плочки од двете страни на улицата. Реконструкцијата се изведува на површина од 205 метри квадратни. Пред неколку денови беа реконструирани и тротоарите на улиците „11-ти септември“ и „Епименонда Поп – Андонов“ на вкупна површина од 746 метри квадратни.

Comments are closed.