Идниот четврток ќе се одржи првата форумска сесија од проектот „Форуми на заедницата“

Општина Струмица по четврти пат ќе биде дел од проектот „Форуми на заедницата“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

По тој повод, денес во Домот на АРМ, состанок одржа проектиот тим, на кој беше утврдена динамиката на одржување на форумските сесии и агендата за првата форумска сесија која е закажана за 13. ноември. Инаку, во рок од еден месец треба да бидат одржани петте форумски сесии, предвидени за оваа календарска година.

 

Comments are closed.