Доделени наградите за најдобри творби на тема „Детски права за наше детство’’

Во просториите на Домот на АРМ преставниците на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето’’ денеска доделија награди на основците кои учествуваа на Ликовно – литературен конкурс  под мотото „Детски права за наше детство’’. Конкурсот беше распишан за сите ученици од основните училишта од регионот по повод Детската недела која во Македонија се одбележува секоја година на почетокот на месец октомври.

Дипломите за најдобри ликовни и литературни творби се доделени во мала група (ученици од прво до петто оделение) и голема група (од шесто до девето оделение).

Comments are closed.