Се одржа јавна расправа помеѓу граѓаните и вработените во Општина Струмица

Општинската администрација и граѓаните денеска во Домот на АРМ одржаа јавна расправа за донесување на нацрт – стратегии за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и Општината, како стратегија за млади на општина Струмица.
Јавната дебата се одржа во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој го спроведува Фондацијата „Отворено општество – Македонија’’ во соработка со општина Струмица.


„Сакаме општина Струмица, на крајот на проектот, да биде пример за модел на  како функционира демократијата на локално ниво кој би можеле да го пресликат и други општини. Се надеваме дека на крајот на 2014, Советот на општина Струмица ќе ги усвои јавните политики во областа на социјалната заштита, младите и соработката со граѓанскиот сектор и образованието со кои ќе се лоцираат средства за делумна имплементација на практиките од овие политики’’ – вели Фани Каранфилова Пановска од Фондацијата „Отворено општество на Македонија’’.


Во рамките на спроведување на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, утре свечено ќе се отвори и „Центарот на заедницата во општина Струмица’’.


Настанот е отворен за сите граѓани на општина Струмица со цел да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на Општина Струмица.

Comments are closed.