Реконструирана училница во ООУ „Сандо Масев“

На иницијатива на родителите од двете паралелки од прво одделение ( 1а и 1в ) при општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, а кои учат во истата училница и нивна организација и ангажман за собирање донации, се направи реконструкција на подот во училницата.

Имено, изваден е стариот паркет кој беше дотраен и оштетен од влага и се замени со нов ламинатен под, под кој е поставена хидро и термо изолација. Училницата беше повторно бојадисана, а се поставија и нови пердиња.

Реконструкцијата е реализирана со средства од повеќе фирми и родителите, но најголема парична помош даде градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој, како и секогаш несебично  ја подржува секоја активност поврзана со учениците.

Училиштето изразува голема благодарност до сите донатори со надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и понатаму.

 

Comments are closed.