Ученички од Коџалија во посета на ПСУ „Јахjа Кемал’’

Викендов група на ученички од јуручкото село Коџалија беа во посета на Приватното средно училиште „Јахја Кемал’’ во Струмица. Тие учествуваа на работилница која имаше за цел подигање на свеста за сфаќањето на важност на образовниот процес како и намалување на бројот на малолетнички бракови помеѓу Јуруците кое се постига преку економско осамостојување.

На работилницата гостинките од Коџалија пишаа есеј на тема „Девојка сум, па што, сакам да бидам’’, а потоа ја претставија својата јуручка традиционална облека на ученичките од „Јахја Кемал’’.
Работилницата е дел од проект кој го спроведува Регионален бизнис центар Скопје, а е финансиран од Европски инструмент за развој на демократија и човечките права.

Comments are closed.