Убедлива победа на Беласица, Тиверија повторно поразена

Беласица со убедливи 2:7 ја декласираше Слога 1934 на гостински терен. Фудбалерите на Беласица есенската полусезона ја завршија на првото место со 27 бодови.
Во овие 11 одиграни коло, Беласица постигна 32 погодоци, а притоа прими само 7 погодоци.
Тиверија во последното коло од есенскиот дел, загуби на домашен терен од Напредок з. Радово со резултат од 1:2. Тиверија есенската полусезона ја заврши на 10-тата позиција со 9 освоени бодови. Фудбалерите на Тиверија на овие 11 натпревари постигнале само 7 погодоци, а примиле 14 погодоци.

Накратко да направиме анализа за есенската полусезона. Најмногу погодоци постигнала екипата на Беласица 32, најдобра одбрана покажала екипата на Плачковица, која примила само 5 погодоци.
Рекордер по примени погодоци е Слога 1934, тим кој што примил 39 погодоци. На овие 11 натпревари, најмалку голови постигнале фудбалерите на Тиверија, само 7 гола.
Беласица се закити со есенската титула, Плачковица е пласирана на втората позиција со 25 бодови, додека третопласирани се Напредок Радово со бод помалку од Радовишани.
На дното од табелата е 14 Октомври 1946, тим кој што нема осоени бодови, едно место погоре односно на 11-тото место е Слога 1934 со само 3 освоени бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.