Ограбени угостителски објект и продавница во Струмица

Угостителски објект и продавница  се ограбени во изминатата недела во Струмица, известуваат од полицијата. Крадците од овие места украле алкохолни пијалоци, месо, сувомеснати производи и пари при што направиле материјална штета од 10 илјади денари.


Во периодот од 27 октовмри до 2 ноември, на територијата на општина Струмица пријавени се четири нарушавање на јавен ред и мир, а се случиле и две сообраќајни незгоди поради неприлагодена брзина на возилата.


Полицијата споровела и акциски контроли на техничката исправност на автобуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, откривање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол како и контрола на брзината на движење на возилата. Во акциите се констатирани 35 прекршоци.

Comments are closed.