Делегација на Осијек ја посети Струмица

Делегација на општина Осијек од Република Хрватска денеска ја посети Струмица.
Во својот кабинетот ги пречека и градоначалникот Зоран Заев каде делегацијата имаше и средба со преставниците на општина Струмица. На средбата се разговараше за економската соработка, соработката во образованието и културата помеѓу двете општини, а се разменија и искуствата во делот на проблематика на легализација на објектите  и изградба на пречистителните станици, делот на отпадот.


„Тоа што беше значајно се области во кои што Осијек е веќе влезен во реализација и решавање на проблематики, а Струмица и генерално Македонија се соочуваат со првите чекори, а тоа е делот на решавање на пречистителните станици, делот на отпадот. Граѓаните знаат дека не успеавме со АСА, а Струмица сака брзо да го реши ова прашање, така што сите овие позитивни искуства кои што во Осијек ги имаат беа веќе пренесени на работните средби. Договоривме директна комуникација помеѓу раководителите на секторите и одделенијата за да може целото искуство кое што го имаат да биде пренесено и на наша страна’’ – изјави градоначалникот Заев по завршеток на средбата.

Заменик градоначалникот на Осијек, Денис Амбруш, очекува Струмица и Осијек во иднина квалитетно да ги развиваат односите во рамките на ЕУ, затоа што искуствата на Осијек во овие две години се врзани за одредени трендови, како што се животната средина, инфраструктурата, туризмот, образованието, но и поквалитетни човечки односи.

„Меѓу нашите очекувања е и идната соработка во образованието, особено во високото образование, затоа што Осијек е образовен центар со 20 илјади студенти во кој егзистираат медицински, правен, економски, градежен и уште многу други факултети, а надежите на нашите два града се во земјоделството и токму егзистирањето на земјоделскиот факултет со институтот кои ги надминува рамките на Република Хрватска е тоа на кое во иднина поквалитетно ќе работиме и ќе дадеме свој придонес. Нашите два региона во иднина ги гледаме како водечки региони на национален план, затоа што компаративните предности кои што ги имаме стекнато низ историјата, се тие што ни овозможуваат нашата соработка да ја унапредиме преку размена на луѓе и добра во сегашноста која ја почнавме, а за што поквалитетна иднина на нашите граѓани, рече заменик градоначалникот Амбруш.
Струмица и Осијек интензивно соработуваат во последните три години и тоа во повеќе области.

Comments are closed.