Турново ремизираше со лидерот Вардар

Екипата на Турново во 14-тото коло од првата Македонска лига одигра нерешено на „Кукуш” со лидерот Вардар, со што од 7-то се сели на 8-мото место.
Турновци одиграа тежок натпревар и успеа да се изборат за бод, додека Вардар и после 14-тото одиграно коло се уште нема пораз.
На три кола пред крајот на есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига, Турново е осми со 17 бода.
Во следното коло фудбалерите на Турново гостуваат кај Тетекс, тим кој што е на последната позиција со само 2 освоени бодови, со што оваа е шанса Турново да се искачи погоре на табелата, бидејќи е апсолутен фаворит на овој натпревар.

Лидер на табелата и понатаму останува Вардар со 34 бодови, на второто место е Работнички со 4 бодови помалку од лидерот, додека третопласирана е Шкендија со 24 бодови.
На дното од табелата останува Тетекс со само 2 освоени бодови, Брегалница е девета со 9 бодови.
Најубедлива победа оваа коло постигнаа фудбалерите на Металург кој славеа со резултат од 3:0 против штипска Брегалница на домашен терен.

Автор: Александар Ванев

 

Comments are closed.