Реакција на ОО на СДСМ Струмица за вандалското уништување на урбаната опрема во градот

Реакција на ОО на СДСМ Струмица за вандалското уништување на урбаната опрема во градот, 01.11.2014г.

„Почитувани,

СДСМ Струмица најостро го осудува вандалското уништување на урбаната опрема во централното градско подрачје, при што е нанесена голема штета на повеќе локации во градот. Вакво вандалско однесување не се случува за прв пат. Граѓаните се сведоци на уништување на имот во повеќе наврати, а за кој и тие давале пари.

Како е можно во строгиот центар на градот вандалите ноќеска да дивеат, а полицијата да не го забележи тоа? Дојде ли време кога сами треба да го чуваме имотот на сите граѓани?

Бараме од МВР во најкус можен рок да ги пронајде сторителите на овој вандалски чин и да бидат казнети. Се надеваме дека овој пат полицијата професионално ќе си ја заврши работата, со оглед на фактот дека и порано имаше вакви настани. Во неколку наврати беше уништена урбаната опрема на трим патеката во Банско, но до денеска сторителите не се пронајдени.’’

Comments are closed.