На повеќе локации во Струмица демолирана урбаната опрема

Во раните утрински часови непознати сторители ja демолирале урбаната опрема на повеќе локации во градот. Во Големиот градски парк скршени се 5 канделабри, соборени се околу 30 корпи и оштетени се неколку клупи за седење.. Во централното подрачје на неколку места се испревртени контејнери како и табли за зонското паркирање.


„ Оваа навистина е дивеене во градот. Алелираме до полицијата за што побрзо откривање на овие сторители затоа што, доколку не се откријат, тоа ќе биде охрабрување на ова и во иднина да ни се случува’’ – изјави Кирил Парталов, секретар на Општина Струмица.


Покрај ЈКПД „Комуналец’’, и полицијата извршила увид  на местата каде е демолирана урбаната опрема. Сторители се уште не се познати.

Општина Струмица ги информира граѓаните дека поради санирање на штетите од вандалското уништување, вечерва нема да биде осветлен Големиот градски парк.

Comments are closed.