Стартува проектот „Општина по мерка на граѓаните“

На 4 и 5 ноември 2014 (вторник и среда) во Домот на АРМ, Струмица, со почеток во 10 часот ќе се одржат јавни расправи по Нацрт-локални стратегии за соработка со граѓанските организации, млади, образование и социјална заштита во општина Струмица. Овие расправи се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“, имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија и општина Струмица.

Јавните расправи ќе се одржат по следниов распоред:

4. ноември (вторник):

- Јавна расправа за нацрт-локалната стратегија за соработка со граѓанските организации на општина Струмица;

- Јавна расправа за нацрт-локалната стратегија за млади на општина Струмица;

5. ноември (среда):

- Јавна расправа за локална стратегија за социјална заштита на општина Струмица;

- Јавна расправа за нацрт локалната стратегија за образование на општина Струмица.

Воедно, вториот ден од настанот е предвиден за свечено отворање на Центарот на заедницата во општина Струмица, а свое обраќање ќе имаат г-н Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица, и г-н Владимир Милчин, извршен директор на Фондација Отворено општество – Македонија. На настанот ќе бидат презентирани тековните и идните активности на Центарот на заедницата во општина Струмица.

Настанот е отворен за сите граѓани на општина Струмица со цел да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на Општина Струмица

Изработката на локалните стратегии и формирањето на Центарот на заедницата на општина Струмица се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат општина Струмица и Фондацијата отворено општество – Македонија. Преку Центарот на заедницата ќе биде обезбедена административна помош за граѓаните, неформално образование за младите и возрасните и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи.

Comments are closed.