„Паркиралишта Струмица“ со продолжено работно време заради регулирање на паркирањето

Со цел регулирање на статусот на паркирањето на граѓаните на општина Струмица, од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираат дека денеска 31.10.2014 година, службите на претпријатието ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот, а утре сабота 01.11.2014 година од 8:30 до 16:00 часот.

Поднесувањето на документи и информации околу зонското паркирање може да се добијат во канцелариите на ЈП  „Паркиралишта Струмица“ кое што се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“, над Комерцијална Банка.

Зонското паркирање започнува со наплата од понеделник 03.11.2014 година.

 

Comments are closed.