На 19-та седница на Советот донесени повеќе одлуки и програми

Советот на општина Струмица денеска ја одржа деветнаесеттата седница на која членовите расправаа по 23 точки на дневниот ред, а едногласно донесоа повеќе одлуки и програми.

-Поголем број беа од областа на урбанизмот, а советниците посебно се задржаа на предлог – одлуката за определување локација за поставување на спомен обележје – скулптура на дрво од рециклиран железен материјал. Не се усогласија околу тоа дали треба да биде поставено на отворен или затворен простор, дали треба во паркот или на плоштадот и затоа ја одложивме точката и ќе ја решаваме на наредната седница, со тоа што ќе мораме да ја одржиме побрзо, затоа што здружението „Евро визија“ е задолжено со одреден рок од страна на Европската унија за поставување на спомен обележјето. Инаку, ова спомен обележје е со димензии од 6,50 метри висина, крошната е широка 2,50 метри, а е направено од рециклиран железен материјал. Исто така, внимание кај советниците предизвика и предлог – одлуката за измена на Одлуката за авто – такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица. Првобитните 250 лиценци се зголемуваат на 350, што значи бројот се зголемува за 100 лиценци, се однесуваат за нови возила кои досега немаа обезбедено, а имаа потреба. Постоеше голем притисок и од такси компаниите за нови лиценци и еве сега им се излезе во пресрет и општина Струмица ги зголеми лиценците од 250 на 350, односно за 100 нови лиценци кои ќе бидат дополнително дадени. Инаку, се помина во најдобар ред и за прв пат советниците од двете советнички групи гласаа „за“, рече претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, по завршувањето на седницата.

На седницата беше донесена и Одлука со која населеното место Три води се определи за населено место без јавно осветлување и се ослободува од плаќање на комунална такса за јавно осветлување.

Comments are closed.

Web