ОО СДСМ: Струмица и граѓаните на Струмица се постојано на мета на инспекциите

Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица, денеска одржа прес конференциjа по повод заедничката акциска контрола која ja спроведе Управата за јавни приходи, Државниот завод за индустриска сопственост , Државниот пазарен инспекторат, МВР и Агенцијата за аудио-визуелни медиуми во Струмица. Во акцијата е одземена роба од стопанственици на пет тезги во ТЦ „Глобал’’, а поднети се и кривични пријави на три правни субјекти поради непочитување на Законот за авторски права.

Во продолжение, интегрален текст од прес – конферецијата:

„Струмица и граѓаните на Струмица се постојано на мета на инспекциите. По три месеци градот повторно е сардисан од инспектори. Власта повторно ги казнува струмичани.

Сега на мета на армијата инспектори се фирмите и тезгите на затворениот пазар. Повеќе од јасно е дека власта континуирано ја става Струмица на врвот од својата агенда за собирање арач.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека општина Струмица е европски град за пример.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економските резултати и економскиот раст на општината без помош од централната власт. Затоа, арачлиите на оваа власт пустошат низ нашата општина.

Вака ли власта на Груевски им се осветува на струмичани оти три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев?

Ваквата репресија врз граѓаните и фирмите во Струмица мора да прекине’’ – изјави Миле Милановиќ.

Comments are closed.