Се одржа работилница за јазикот во говорот на советниците и општинската администрација

Во рамките на проектот „Ние сме идни лидери/ки и двигателки на промените во нашите заедници“, а согласно акцискиот план за октомври 2014 година, во Домот на АРМ се одржа работилница на која учествуваа претставници на администрацијата, советници и претставници на граѓанскиот сектор од општина Струмица. „Родово сензибилен јазик во говорот на советниците и општинската администрација“ беше темата на работилницата, а на која предавач беше Тања Томиќ.

Општина Струмица преку Координаторот за еднакви можности на жените и мажите и членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општината, се вклучија во проективни активности и изработија едногодишен акциски план за спроведување на активноста чија што крајна цел ќе биде внесување на родова перспектива во општинските акти и стратешки документи.

Општина Струмица е една од 23 општини во Република Македонија вклучени во реализацијата на проектот „Ние сме идни лидери/ки и двигателки на промените во нашите заедници“.

Comments are closed.