Работилница за процесот на следење и оценка на активностите во делот на интегрираното образование

 Општина Струмица и Oпштинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица се избрани меѓу 12 пилот општини и училишта  во Република Македонија, во кои ќе се следи и оценува процесот на интегрираното образование.

 На работилницата која се одржа во организација на МОН и поддршка од УСАИД и ОБСЕ учествуваа претставници од училиштето и општина Струмица. Беа разгледани водичот за имплементација на планот за мерење на постигнувањата во областа на интегрираното образование и практично беше изработен извештај за следење на МИО активностите во основно училиште.

  Присутните беа запознати со улогата и одговорностите на секоја вклучена страна, при што особено се даде значење на тимовите за меѓуетничка интеграција кои се формирани на ниво на училиште, како и на соработката училишта-општина-МОН, во делот на протокот на информации и податоци и нивната функционална поврзаност.

 Општина Струмица уште со започнувањето на процесот на децентрализација во образованието е дел од повеќе проекти за имплементација на меѓуетничката соработка, интеркултурното и интегрирано образование и со административно-техничка, логистичка и финансиска поддршка ги помага активностите за МИО во училиштата во општина Струмица.

Comments are closed.