Презентирани стари предмети и традиционална храна во училиштето во Сачево

Како спој на наставни, воннаставни активности и соработка со родителите, во подрачното основно училиште во селото Сачево, кое работи во состав на Oпштинското основно училиште „Маршал Тито“ од Муртино, денеска се одржа  презентација на традиционална храна и стари предмети од дедовци и прадедовци.

Практичното стекнување на знаења и вештини на учениците преку  примена на методи и форми за заедничка соработка на родителите и наставниците, како дел од активностите во годишната програма на училиштето, допринесоа училишната збирка да се збогати со уште едно ново катче на предмети од старото време кои подзаборавени стоеле во старите куќи.

 

Comments are closed.