Темјанушки го разубавија булеварот „Маршал Тито“

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска го разубавуваа булеварот „Маршал Тито“, а во рамките на есенското хортикултурно уредување. Досегашните летни цвеќиња кои беа засадени околу палмите се заменуваат со темјанушки во различни бои кои одлично се вклопуваат во есенскиот амбиент на градот. Според најавите на овој дел од булеварот ќе бидат засадени околу илјада темјанушки. Есенското хортикултурно уредување ќе продолжи и на останатите јавни површини во градот.

Comments are closed.