Струмичанката Ева Заева освои бронзен медал на Олимпијадата „Еконова’’

Ученичката Ева Заева од Приватното средно училиште „Јахја Кемал’’ од Струмица освои бронзен медал на овогодишната Олимпијада „Еконова’’ во Скопје.

Под менторство на професорот Сабире Алкин и во придружба на ученикот Филип Дракалски (Берово), таа ја престави една од најдобрите идеи за заштита и подобрување на животната средина.

Олимпијадата „Еконова’’ се одржа по дванаесетти пат во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија. На натпреварот учество зедоа ученици од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Австрија и Албанија.

Comments are closed.