Во Центарот на зедницата на општина Струмица се одржа информативна средба

Денеска во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица кои што се наоѓаат во домот на АРМ, се одржа информативна средба на која присуствуваа раководителите на сектори и одделенија и членови на Советот на општина Струмица и координаторите на Центарот. Целта на средбата беше запознавање со  активностите и плановите за работа на Центарот до крајот на годината и дефинирање на потребите на општинската администрација кои можат да бидат дел од идните активности на овој Центар.

Центарот на заедницата на општина Струмица е формиран во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија и е поддржан од општина Струмица со цел да придонесе за активно вклучување на граѓаните во подготовката и донесувањето на локалните политики и во обезбедувањето квалитетни општински услуги.

Центарот на заедницата свечено ќе биде отворен на 05.11.2014 година, (среда).

Comments are closed.