Училиштето „Маршал Тито“ ги подобри условите за изведување настава

Во Општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица во изминатиот период се реализираа повеќе активности во рамките на проектот „Нансен модел за интегрирано образование“, а со поддршка на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.

Според информациите од директорката на училиштето, Благица Устапетрова, во две училници е заменет стариот под со ламинат, извршено е лакирање на паркетот во ходникот, а набавени се и бели табли, плакар и шкафови. Исто така, со сопствени средства извршена е и реконструкција на постоечкиот паркет во две простории. Со овие зафати подобрени се условите за изведување на воспитниот – образовниот процес во училиштето.

 

Comments are closed.