Пронајдена дрога кај струмичанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Н. (56) од Струмица, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 05.09.2014 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот и помошните простории во с.Мокриево, како и претрес на нива на м.в. „Трска“ атар на истото село, сопственост на пријавениот, при што се пронајдени и одземени три растенија „канабис сатива“.

Comments are closed.