Ограбен кафемат и женска чанта

Во две кражби кои минатата недела се случиле во Струмица, од кафемат и една женска чанта, ограбени се 10 илјади денари, известуваат од СВР Струмица.
Во периодот од 20 – 26 октомври, поради непочитување на правилата на првенство на минување, на територијата на општината се случиле и четири сообраќајни незгоди при што загинало едно лице, а повредени се четири.


Полицијата спровела и две акциски контроли на возачи кои управуваат под дејство на алкохол како и правилно движење и престигнување во сообраќајот. Во контролите се конститрани вкупно 24 прекршоци.

Comments are closed.