Беласица ремизираше, Тиверија загуби кај Баби

Лидерот во Третата лига – Исток, Беласица не успеа да слави на Плачковица како домаќин во натпревар кој заврши со резултат  0:0. Двата тима можат да жалат за пропуштените прилики и за освојувањето на 3 бода.
И покрај реми натпреварот Беласица и понатаму останува на лидерската позиција со 24 бодови, со што има предност од 2 бода во однос на второпласираната Плачковица, и три бода во однос на Напредок З. Радово кој што е пласиран на третото место.
Во следното коло кое што се игра на 02 ноември, недела со почеток од 13:30 часот, фудбалерите на Беласица гостуваат кај Каменица Саса, тим кој што се наоѓа на 5-тото место со 18 бодови.

Тиверија гостуваше во Штип од каде што се врати поразена со сигурен резултат од 2:0. После овој пораз Тиверија и понатаму е на деветото место со 9 освоени бодови, со што заостанува 4 бода зад Брегалница Голак.
Во следното коло Тиверија ќе игра против Напредок З. Радово, со што оваа ќе биде тежок натпревар за Тиверија, знаејќи како претходно одигра Радово.
На табелата нема големи промени, лидерот е веќе познат, Беласица со 24 бодови, второпласиран тим е Плачковица со 22 бодови, додека на третото место е Напредок З. Радово со 21 бод.
На долниот дел од табелата  е 14 Октомври со нула бодови, а на 11-тото место е Слога 1934 со 3 освоени бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.