Турново минимално поразен во Тетово

Со голот на Вручина во 68-та минута од средбата, Шкендија успеа да го совлада Турново. 
После денешниот пораз од Шкендија, фудбалерите на Турново остануваат и понатаму на седмата позиција со 15 бодови.

 

Состојбата на табелата е следнава: лидер е Вардар со 30 бодови, Работнички е втор со 22 бодови, додека третопласирана е Шкендија со 21 бод. На дното од табелата е Тетекс со само 2 освоени бодови, едно место погоре односно на деветото место е Брегалница со 8 бодови.
Во досегашните 12 одиграни кола Пелистер има најдобра одбрана, примиле само 4 погодоци, додека пак Фудбалерите на Шкендија постигнале најмногу погодоци, 24.
Во следното коло кое што се игра на 29 октомври со почеток од 13:30 часот, Турново на домашен терен ќе игра против фудбалерите на Брегалница. Колку за потсетување првиот натпревар што се одигра помеѓу Турново и Брегалница оваа сезона, заврши со резултат 2:1 во корист на Турновци.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.