Се одржа „Тортијада 2014’’

Традиционалната манифестација ,,Тортијада 2014“ се одржа синоќа во хотелот ,,Цар Самуил” во Банско. Лицата со телесен инвалидитет од цела Македонија уживаа во средбата и пријателското дружење, а некои и учествуваа во музичко натпреварување, правење торти и квиз на знаење.


Учесниците и гостите ги поздрави градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев:

„Десет години ја водам општина Струмица, десет пати присуствувам и ја подржувам оваа прекрасна манифестација поради тоа што е уникатна и неповторлива’’ рече градоначалникот Заев посајќувајќи манифестацијата да продолжи да се организира уште многу години.


Седумнаесетатата ,,Тортијада 2012“ организирана е од страна на Здружението на лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност” – Струмица, под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ и градоначалникот Зоран Заев.

Comments are closed.