Перформанс на Здружението „Евро-визија“ финансиски поддржан од општина Струмица

Спојот на карневалските маски, афоризмите и шегата бше првата симбиоза на перформансот „Сликата и зборот“, што во рамките на проектот „Карневалски слики“ го организира Здружението „Евро-визија“, како проект финансиран од Општина Струмица.

На настанот,  што се одржа во просториите на Здружението „Евро-визија“ во духот на единствената карневалска атмосфера, беше претставен избор на карневалски фотографии од изминатите струмички карневали, зачинет со еротски афоризми од афористичарите Ристо Филчевски и Ѓорѓи Панов и стихови од Никола Сарајлија и Митко Гогов.

Во спонтана и опуштена атмосфера присутните со задоволство го прифатија концептот на вакво презентирање на слични споеви на различни креативни, творечки и културни содржини.

Comments are closed.