Во недела без вода дел од улицата „Климент Охридски“

Во недела (26.10.2014 година) од 7 до 16 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на корисниците на улицата „Климент Охридски“ на потегот од улицата „Панче Пешев“ до улицата „Борис Поп Димитров“.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато поради отстранување на дефект на водоводната цевка кај семафорите кои што се наоѓаат кај „Жито Струмица”.

Comments are closed.