Отворена изложбата „Македониум’’ од Васил Алачев

„Македониум’’ е насловот на четвртата самостојна изложба на Васил Алачев која синоќа беше отворена во НУЦК „Антон Панов’’ по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна организација и борба.

На изложбата се преставени 35 уметнички дела од вкупно 102 слики кој го сочинува опусот на „Македониум’’, работен во изминативе три и пол децении.


„Во „Македониум“ се застапени значајни личности и настани од нашето битисување на овие простори, од раѓањето на Македонија, македонските кралеви и рамската доба’’ – вели авторот Васил Алачев.


Ретроспективната изложба на Васил Алачев ќе биде преставена и во другите македонски градови.

Comments are closed.