Во Струмица Денот против гладта одбележaн со доделување на пакети

Со доделување на 110 пакети со храна и прехранбени производи на сиромашни фамилии од oпштина Струмица и околината, Организацијата на жени од Струмица денеска во Домот на АРМ го одбележа Светскиот ден против гладта.

На настанот се презентираа успесите и остварувањата на Банката за храна Македонија, а на пристутните се обрати и градоначалникот Зоран Заев:
„Иако важиме за регион кој е најголем производител на храна, сепак, сиромаштијата и гладта е присутна и во Струмица. И затоа секојдневната борба за колку може побогата трпеза од страна на родителите на своите деца треба да биде потпомогната и од општеството. Денешниот настан е порака до сите граѓани колку што можат да донираат храна’’ – рече градоначалникот Зоран Заев.

Преставниците на Организација на жени доделија и благодарници на „амбасадорите за борба против гладот’’,  т.е на почесни членови кои со своето дело, хуманост и посветеност работеле на унапредувањето на работата на Банката за храна Македонија во директната борба против гладот и сиромаштијата во општина Струмица и пошироко.


Помеѓу амбасадорите се најде градоначалникот Зоран Заев, преставници на општина Струмица, Средното општинско училиште „Димитар Влахов’’ како и преставници на приватни компании и спортисти.

Comments are closed.