Во градот обновена хоризонталната сигнализација на 4 илјади метри квадратни

Со обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација, крстосниците и улиците во градот добиваат нов лик, но и зголемена безбедност за сите учесници во градот. Најновото обележување е извршено околу кружниот тек кај Анска река, на улицата „Младинска“ и булеварот „Гоце Делчев“.

За десет дена колку што трае обновувањето, обележани се пешачки премини, паркинг површини и стоп линии на вкупна површина од 4 илјади метри квадратни. Со оваа акција планирано е хоризонталната сигнализација да биде обележана на вкупна површина од 6 илјади метри квадратни.

Comments are closed.