Општина Струмица во регистарот на Конгресот на европски општини и региони

Општина Струмица и официјално е вклучена во регистарот на Конгресот на европски општини и региони, како една од потписничките на Повелбата за еднаквост на мажите и жените во локалниот живот.Одлуката за усвојување на Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници е донесена на седницата на Советот на општина Струмица која што се одржа на 27.12.2007 година.

Европската повелба за еднаквост помеѓу мажите и жените во рамките на локалните заедници, е наменета за локалните и регионалните власти во Европа, кои се повикуваат, формално и јавно, да се обврзат на принципите за еднаквост помеѓу половите, како и да ги имплементираат во рамките на својата територија правилата дефинирани во оваа повелба.Конгресот на европски општини и региони е претставник на европските локални и регионални власти кои што ја имплементираат Повелбата за еднаквост на мажите и жените.Оваа повелба има 1.409 потписници од 29 земји.

Comments are closed.