Ограбен угостителски објект и магацин во Струмица

Магацин и угостителски објект се ограбени во изминатата недела во Струмица. Крадците од овие објекти однеле со себе хербициди и пари при што направиле материјална штета од 23 илјади денари. Во периодот од 13 – 19 октомври, на подрачјето на општина Струмица се случиле два физички напади и две сообраќајни незгоди со потешки последици во кои се повредени 4 лица поради неприлагодена брзина на возењето.
Полицијата спровела и две акциски контроли на сите
возила и возачи во собраќајот како и на брзината на возењето. При акциите, констатирани се 44 прекршоци.

Comments are closed.