КК „Струмица“ загуби од „Фени индустри’’

Составот на „Фени индустри’’ на домашен терен славеше победа над КК „Струмица’’ со резултат 86:60 во последниот натпревар од второто коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Најдобрите играчи од кавадаречкиот тим беа Емонс со постиганати 17 кошеви и Гајовиќ со освоени 14 поени. Од струмичани првиот стрелец е Сибалиќ со 15 кошеви и Балаш со 13.
Фени Индустри-Струмица 86:60 (25:14, 22:14, 13:15, 26:17)

Comments are closed.