Здружението „НОВУС’’ организираше работилница „Вовед во претприемништво и менаџмент“

Во организација на Здружението на граѓани „НОВУС“ вчера и денеска во просториите на Домот на АРМ во Струмица се одржа работилница на тема „Вовед во претприемништво и менаџмент“ која има за цел младите да се запознаат со поимот претприемништво како клучен елемент во современо општество.


„За да добијат подобра перспектива за тоа како функционира претприемништвото на нашите простори, обезбедивме претставник од бизнис секторот во Струмица, кој одржа кратка презентација по која следуваше и интерактивна дискусија преку која беа разјаснети неколку прашања кои ги имаа учесниците’’ – вели Глигор Ризов од здружението „НОВУС’’.
Работилницата „Вовед во претприемништво и менаџмент“ е дел од проектот „Биди и ТИ претприемач“ кој се реализира со финансиска поддршка од општина Струмица.
На почетокот на месец ноемрви здружението ќе одржи уште една работилница – „Маркетинг и ПР’’.

Comments are closed.